[Фото] Граѓани ги поправија лулашките и клупите во паркот во Велес

„Фокус за граѓаните и за заедницата“ е мотото под кое Фондација Фокус реализира кампања во чии рамки спроведе иницијатива за репарирање на елементите за забава на децата и клупите за седење, а беа поставени и канти за смет во паркот, во населбата Дворови во Велес.

Тимот на Фокус и неколкумина волонтери поправија десет клупи, поставија нови клацкалки за лулашките и ги бојадисаа сите елементи за детска забава, но и поставија канти за смет.

Акцијата за репарирање на паркот се спроведе како дел од проектот „Поддршка за јакнење на правните и финансиските капацитети“, финансирана од Фондација отворено општество Македонија.

Поранешниот изглед на клупите во паркот

„Преку оваа иницијатива, целта на Фокус беше да ги мотивира граѓаните да излезат и преку волонтерска акција да придонесат во уредувањето на просторот, а потоа и да се грижат за зачувување на репарираните елементи и парковската површина. Затоа на детскиот елемент вовче е поставена табла со порака „Зачувај ме, за да ме имаш, вашиот Парк !“, информираат од фондацијата Фокус.