[Фото] Герила акција: црвена боја добија уште две скопски фонтани

Водата во фонтаната пред споменикот на Филип Втори, што се наоѓа во паркот на скопската населба Автокоманда, и во фонтаната пред споменикот на Олимпија, на влезот од Старата скопска чаршија, утринава доби црвена боја.

Оваа герила акција потсетува на акцијата што ја направија активисти од неформалното граѓанско движење „Протестирам“, кога истурија боја во
фонтаната  на плоштадот „Македонија“ – „Воинот на коњ“.

Нивната порака тогаш беше дека „фонтаната е црвена, во име на сите жртви на режимот“.