[Фото] Герија-акција: Научна фантастика е да се направи шахта која е еднаква со асфалтот

Урбани активисти со герила-акција обележаа и покажаа колку се високи/длабоки шахтитите по скопските улици.

„Акцијата е инспирирана од фактот дека за да се направи шахта која е еднаква со асфалтот за Mакедонија е научна фантастика и врвно технолошко достигнување. Додека во најголемиот дел од европските земји толеранцијата на отстапка на висината е до 2 цм , во Македонија денивелацијата на најголем број шахти изнесува помеѓу 4 – 10 цм а во екстремни случаи и повеќе (издигнати асвалтни островца околу шахтите)“, велат активистите.

Нагласуваат денивелацијата на шахтите претставува опасност за сите учесници во сообраќајот, бидејќи од поголемите денивелации возачот може да изгуби контрола над возилото, особено моторциклистите, а едновремено овие денивелации се честа причина за огромен број пукнати гуми и искривени бандажи на коли, моторчиња и велосипеди.

„Мерењето на шахтите кое го спроведовме покажува дека најопасни се шахтите на фреквентните сообраќајниции во населбите (Синѓелиќ, Драчево, Лисиче, Патот кон Волково и Визбегово, Бутел, Радишани , а најуредени се на потегот Карпош 3 до Дебар Маало и во наделба Јане Сандански (Стар и нов Аеродром). Од сигурносни причини (да не дојде до збунување на возачите со ознаките) бележени се само шахтите на улиците а се изоставени оние на булеварите“, соопштуваат активистите кои стојат позади герила-акцијата.

Инаку, акцијата по Скопје ќе биде спроведена и во уште неколку градови низ Македонија.