[Фото] Едукативни работилници и опуштена музичка атмосфера на Skopje Design Week

По успешното отворање на петтото издание на Skopje Design Week, првиот фестивалски ден беше исполнет со едукативни и интересни презентации и работилници. Во попладневнит часови се уживаше во опуштена музичка атмосфера со пијанистите Ана Велиновска, Димитар Крстевски, Марија Николовска и Тамара Глигоровска во рамки на Peter’s Piano Room. Вечерта пак, беше збогатена со настапот на Симон Киселички трио и Dj Boogieman.

Љубителите на новите технологии и дизајнот имаа можност да присуствуваат на предавањето на аргентинскиот професор Фернандо Сола насловено „Интернет од нешта, нова претприемачка парадигма“. Предавањето ги опфати следните теми: Глобалната „Internet of things” индустрија, како и првите чекори што дизајнерот треба да ги направи за да основа нова компанија. Презентацијата за еколошка хартија насловена Еconatural концепт ја одржаа Никола Николиќ и Слободан Лукровски.

Денеска на пладне, Марта Наумовска Грнарова менаџер на компанијата и брендот „ЗАВАР“, заедно со „ИМЕ /Преда плус“ одржаа динамични и инспиративни два часа интерактивна работилница насловена„SMILE DESIGN“. Целосната програма на Skopje Deisgn Week за денеска, можете да ја најдете овде.