[Фото] Доделени наградите за најстар и најубаво украсен велосипед

Скопјанецот Стојан Блажевски ја доби наградата за најстар велосипед во функција, за велосипедот стар 70 години со кој годишно поминува по 5.000 километри. Наградата за најубаво украсен велосипед пак отиде во рацете на Василка Џековска Павлевска, соопштија од Град Скопје. Наградите се доделуваат во рамки на конкурсот што Градот го објави во рамките на „Европската недела на мобилност 2015“.

Покрај овие, бе доделени награди и во категоријата најубав цртеж на тема „Возам велосипед – ја штитам озонската обвивка“. Првонаграден е цртежот на средношколката Наталија Гучева од СУГС „Никола Карев“, второнаграден е Стефан Илков од ДСУ „Лазар Личеноски“, а третата награда замина во рацете на Симона Богоевска од СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“.

Јавниот конкурс за избор на најстар велосипед, за најубаво украсен велосипед и за најубав цртеж Градот Скопје го распиша во рамките на традиционалната манифестација „Европска недела на мобилност 2015“, која се реализираше во соработка со НВО „Прогрес“.

Европската недела на мобилност има единствена цел – да се промовира и попупаризира користењето на велосипедот како превозно средство и пешачењето како основни предуслови за здрав живот и за здрава животна средина.