[Фото] Детална фотографија од маглината Медуза

Моќниот телескоп, познат како Многу голем телескоп (Very Large Telescope -VLT), успеа да направи фотографија од овој облак, наречен планетарна маглина, блескајќи во вселената. Фотографијата од маглината Медуза, претставува повеќе од детална слика некогаш направена од овој вселенски облак, информира Европската јужна опсерваторија.

Од опсерваторијата велат дека оваа маглина ја претставува иднината на Сонцето за милијарди години. Откако Сонцето ќе снема водородно гориво, ќе се издува во црвен џин. Милиони години подоцна, ѕвездата при експлозија ќе ги отргне своите надворешни слоеви во вселената, односно со исфрлање ќе се создаде облак од гас во облик на балон наречен планетарна маглина, околу ѕвездата која умира.

После тоа, Сонцето ќе стане бело џуџе што претставува една од последните фази на ѕвездениот живот.

Маглината медуза е далечна околу четири светлосни години и не е многу светла, што им отежнува на научниците да ја набљудуваат.