[Фото] Битола пред 100 години и сега – средношколци со фотографии ги прикажаа последиците од Првата светска војна

Средношколци од битолската гимназија „Јосип Броз Тито“ направија фотографии со цел да покажат како Битола се изменила во текот на последните 100 години, прикажувајќи ги последиците од Првата светска војна во Битола. Фотографии првично се објавени и на boredpanda.com.

ж

Тие се направени од битолските средношколци кои се дел од проектот „Прва светска војна и млади – мир и помирување“, во кој учествуваа 5 средни училишта од Македонија, а чија основна цел е да им се даде можност на младите да ги истражуваат конфликтите преку едукативни активности и истражување на темата – Прва светска војна.

ж

Проектот имаше за цел  покренување на свеста во средните училишта за геополитичкиот контекст на Првата светска војна, придонесот на Велика Британија во битките во Македонија за време на Првата светска војна и лекциите научени од овој конфликт во прилог на мир и помирување помеѓу нациите.

ж

Проектот беше координиран од АЛДА Скопје и експерти од полето на историјата, млади и помирување, археологија и фотографија, финансиран од Британската амбасада во Скопје. Започна од октомври минатата година и заврши во март оваа година, со завршен настан – изложба.

ж

ж

Во проектот учествуваа 30 средношколци кои учествува во активностите и кои се запознаа со оваа тема, преку истражување на терен, неформално интерактивни едукативни активности и видео и фотографски материјали.

Во проектот учествуваа средношколци гимназиите, „Јосип Броз Тито“ од Битола, „Орце Николов“ Скопје, „Богданци“ Богданци, „Никола Карев“ Струмица и „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово.

ж