[Фото] 200 куќи во Мексико обоени во виножито

Младинска организација позната по тоа што користи графити како средство за изразување се спои со владата во Мексико во проект со цел да го заживеат градот Палмитас, во дистриктот Пачука.

Под псевдонимот „Germen Crew“, групата обои 209 куќи, или вкупно 20 000 метри квадратни создавајќи огромен мурал со боите на виножитото. Според медиумите, ова постигнало позитивно влијание кај населението.

Во проектот биле вклучени 452 семејства, или 1800 граѓани. Целта на проектот е да се намали насилството меѓу младите.