ФОН нуди место за престој во студентскиот кампус за оние кои го изгубија домот во поплавата

ФОН Универзитет ги отвора вратите и нуди бесплатно сместување и згрижување на лицата кои го изгубија својот покрив на главата во синоќешните поплави.

Десеттина апартмани од студентскиот кампус кои се наменети за професорите во посета ќе бидат ставени на располагање, се до почетокот на новата академска година 15 септември, пишува во соопштение на Универзитетот ФОН.

Воедно во кампусот ќе се отвори и пункт за сите хумани луѓе кои сакаат да донираат неопходни намирници за настраданите во поплавите.

Оние на кои им е потребно сместување, можат да се обратат на контакт телефон 02 244 5569, како и лицата за контакт: Илоски Зоран (менаџер на студентскиот кампус) 070 215 428 и Емине Јакупи 072 675 911.