„Фолтин“, „Pluto’s Doubts“ и Кирил Џајковски вечерва на Вевчански карневал

Во Вевчани вечерва ќе започне празнувањето на Василица, Стара Нова година, и традиционалниот карневал. Свои настапи ќе имаат „Pluto’s Doubts“, „Фолтин“ и Кирил Џајковски.

Дефилето на маски ќе почне утре во 13 часот, а утревечер василичарите и гостите на Вевчани ќе ги забавуваат Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска.

Кулминацијата на настанот е на 14 јануари кога ќе има василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши во недела попладне со традиционалното палење на маските.