Finding Dory можеби е прв филм на Пиксар во кој има лезбијски пар

Новиот трејлер за анимираниот филм Finding Dory поттикна дискусија дека филмот можеби е прв на Дизни и Пиксар во кој се појавува лезбијски или геј пар.

Трејлерот за филмот, кој е продолжение на Finding Nemo од 2003 година, прв пат беше прикажан на The Ellen Show минатата недела. Филмот ја раскажува приказната на рибата Дори, која пати од амнезија на краткорочното паметење, за која гласот го позајмува Елен Деџенерис.


Но, еден конкретен момент од видеото поттикна шпекулации дека во филмот има и лезбијски пар, што би било голем прогрес во историјата на Пиксар. Моментот кога се појавува парот бил забележан од еден корисник на Твитер, кој поттикнал голем број „твитови“ кои ја поздравуваат одлуката.

Трејлерот се појави за време на повици за Дизни да вклучи геј и ЛГБТ ликови во нивните филмови.

На почетокот на месецов, Твитер хаштагот #GiveElsaAGirlfriend ја повика компанијата да вклучи и лезбијска врска во претстојното продолжение на филмот Frozen.

Извор: NME