Финале натпреварот РобоМак2017

Финалниот натпревар на РобоМак2017 ќе се одржи денес 14 октомври (сабота) во 18:00 часот во салата на Дом на АРМ. Влезот е бесплатен.

Сите кои ги фасцинираат роботите и напредните технологии, или пак се љубители на научна фантастика и се воодушеваат на високата машинска интелигенција, се поканети од Студентскиот огранок на македонската секција на IEEE и Студентскиот парламент при Факултетот за електротехника и информациски технологии (СПФЕИТ) на големото финале на РобоМак.

Единствен по својата содржина и тематика во Македонија, РобоМак е натпревар во роботика и инженерство кој ги спојува љубителите на напредна технологија и автономни машини со нивните нови „миленици“ – роботите.

На финалето ќе се дознаат победниците во шесте категории: сумо, line follower, сферо, maze, хуманоид и вештачка интелигенција.