Финале на дебатниот турнир „Skopje Open 2015“ денеска на ФОН

Денеска (26 декември), во 15 часот на Универзитетот ФОН се случува финалето на Меѓународниот дебатен турнир во Британска парламентарна дебата, организиран од Младинскиот образовен форум.

Настанот, кој по втор пат се одржуваше во Скопје, во периодот од 24-26 декември, спои повеќе од 80 студенти од Македонија и универзитети од повеќе земји во светот. Студентите се натпреваруваа во дебати на актуелни глобални тези поврзани со демократијата, човековите права, економските слободи и ѓраѓанското оштество.

ПРВ ДЕН НА ДЕБАТНИОТ ТУРНИР „SKOPJE OPEN 2015“

„Клучната мотивација за организирање на овој настан лежи во промоцијата на младите како активни граѓани, промоција на перспективите на студентите за креирање на национални и меѓународни политики и стратегии, како и потенцирање на важноста на отворената дебата. Со овој турнир се надеваме дека заеднички ќе дадеме придонес кон развојот на дебатата во Македонија, и позиционирање на нашата земја како релевантна во универзитетската дебата на Европско и Светско ниво. Настанот е поддржан од Британската Амбасада во Скопје“, велат организаторите.

Целиот турнир како и финалната дебата се отворени за публика и ќе бидат пренесувани во живо на интернет на каналот http://www.radiomof.mk/skopje-open-2015/.