Филмска проекција и споделување информации за студирање во Шведска

Шведската алумни мрежа во Македонија организира бесплатна проекција на документарниот филм „The Graduation” (Le Concours) 2016, во режија на Клер Симон.

Филмот го документира ригорозниот процес на селекција за прием во „La Femis”, едно од најдобрите филмски училишта во Париз.

По проекцијата на филмот, сите заинтересирани ќе можат да добијат релевантни информации и поддршка за новиот повик за стипендии од екс-стипендисти на Шведскиот институт.

Исто така, ќе можат да слушнат практични информации за се што е поврзано со Шведскиот образовен систем и стипендиските опции.

Настанот е закажан за во недела (29 октомври), во кино Милениум, со почеток од 17 часот.