Фестивалот на античка драма „Стоби“ за првпат ќе се одржува на нова локација

Претставите кои оваа година се на репертоарот на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“, публиката ќе ги гледа во новата тетарска зграда во Велес. За првпат по 13 години, наместо во амфитеатарот на археолошкиот локалитет, фестивалот ќе се одржи на затворено, соопштија организаторите.

Четиринаесетото издание на фестивалот ќе се одржува од 8 до 22 септември, а ќе започне со концерт на џез триото Тони Китановски.

Прва претстава на репертоарот е „Антигона“ во изведба на двајца македонски актери кои студираат на државниот конзорциум при истамбулскиот универзитет. Годинава на фестивалот ќе учествува и театарската група „Ројс Денс Компани“ од Грција. За првпат на „Стоби“ се појавија во 2009 година и со својата музичко – танцова кореографија освоија публиката. Годинава ќе настапат со театарската претстава „Античка крв“.

Албанскиот театар Александар Мојсиу и Лаертис Василу, пред публиката ќе се претстави со познатата театарска претстава „Електра“. Освен странските, на фестивалот ќе учествуваат и домашни професионални тетатри. Во режија на Дејан Пројковски, актерите од националната установа Турски театар ќе ја изведат претставата „Прометеј“.

Театар Комедија ќе настапи со претсавата „Лисистрата“ , во режија на Наташа Поплавска. Македонскиот народен театар ќе настапи со „Електра“ , во режија на унгарецот Андреј Жолдак. На фестивалот на античка драма своја премиера ќе има претставата „федра“ , копродукција на Националната установа, центар за култура Ј.Х.К. Џинот и Словенско младинско гледалишче. Новина на овогодинешниот фестивал е округла маса, една подзаборавена форма на која се дебатира за претставите.

Како на претходните, така и оваа година, на фестивалот на античка драма „Стоби“ ќе се доделат четирите награди, за најдобра машка и женска улога, за најдобра режија и најдобра претстава. Во чест на наградените велешкиот театар ќе ја изведе претставата „Крал Иби“.

Билетите за претставите ќе чинат 100 денари а граѓаните ќе можат да ги набават во билетарата на театарската зграда.