Фестивалот Егзит на Србија и донесе профит од 150 милиони евра

Фестивалот Егзит кој веќе 18 години се одржува во Нови Сад досега на српската економија ѝ донел повеќе од 150 милиони евра, се вели во резултати на анлиза на ТИМ Центар од Нови Сад.

Оваа година е регистриран рекорд од преку 215 илјади посетители од преку 60 држави, но и профит од 14,4 милиони евра. Меѓу гостите предничат од поранешна Југославија (23,2 отсто) од држави од Западна Европа (21,6 отсто), потоа следат од ЈИЕ (14,2).

Константно расте и бројот на туристи вон европскиот континент и оваа година таа цифра е зголемена за една третина односно 6,3 отсто од вкупниот број. Тие најмногу трошат по лице – преку 600 евра. Следат од Западна Европа – 532 евра.

Истражувањето исто така потврдило дека голем број од странците што дошле во Србија за Егзит, оваа можност ја искористиле и за посета на Белград и уште неколку дестинации низ државата во кои се задржале од два до четири дополнителни денови.

Од анкетираните посетители дури 98% изјавиле дека сигурно или со голема сигурност пак ќе дојдат на Егзит, а две третини во Нови Сад дошле токму поради фестивалот. Дури 50,8 отсто велат дека поради Егзит им се поправило мислењето за Нови Сад. Просечната старост на публиката на фестивалот е 25,6 години.

 

Кога на овој економски ефект од Егзит во Србија, ќе се додадат и потврдените 10.1 милиони евра од Си Стар фестивалот во Хрватска, како и 9,9 милиони евра од Си Денс во Црна Гора, но и се уште непресметаните приноси што ги има  фестивалот Револушн во Романија, се чини дека Егзит-лето на љубовта 2017 , на цел регион му донел најмалку 34 милиони евра.