Утре се отвора десетото издание на фестивалот „Ѕуница„

Десетото издание на фестивалот „Ѕуница“ ќе биде отворено утре (18 декември) во 19:30 часот во кино Фросина со проекцијата на филмот „The way he looks“ и изложба на фотографии на Лилика Стрезоска насловена „Next to your heartbeat where I should be“.

Во рамките на овој фестивал во период од четири дена ќе може да се погледнат повеќе бесплатни кино проекции, а организаторите најавуваат дебати, многу дружење и забава. Проекциите на филмовите ќе се одржуваат во киното Фросина во МКЦ.

На последниот ден, во недела (21 декември) фестивалот ќе биде затворен со прикажување на документарниот филм „Regarding Susan Sontag“  според Сузан Сонтаг.

„Ѕуница“ го организира Здружението на граѓани за еднаквост на геј и лезбејки и со него се прави обид да се овозможи нов простор за дружење, разговори и размена на идеи.

Целата програма може да ја преземете ОВДЕ.