Фејсбук тестира софтвер против лажните вести во Германија

Фејсбук најави нови алатки кои ќе ги тестира во Германија, за да се справи со вестите кои се неточни или лажни.

Тестирањето кое ќе се спроведува на германските корисници на најпопуларната социјална мрежа на светот, ќе им овозможува да означуваат лажни вести, кои потоа ќе бидат предадени на верификатори кои не се вработени од компанијата.

Доколку текстовите се покажат неверодостојни, ќе бидат обележани како такви и корисникот може да одлучи да не ги клика.

„Веруваме дека со дополнителен контекст луѓето можат самите да одлучат да што сакаат да споделат и на кого му веруваат.

Имајќи го тоа на ум, лансиравме програма во која ќе соработуваме со надворешни верификатори.

Овие организации се потписници на Поинтеровиот интернационален код на приниципи за проверување на факти“, објавија од Фејсбук.

Верификаторите избрани за Германија се Коректив, непрофитен борд на инстражувачки новинари.

И понатаму ќе биде можно да споделуваат вести од лажни веб страници, но предупредување ќе биде прикажано на секоја од нив.