Фејсбук од денес ќе рекламира и работни места

Почнувајќи од денес, Фејсбук ќе биде најголем конкурент на ЛинкдИн со нова алатка со која барателите на работно место ќе можат да се поврзат со работодавците, без воопшто да ја напуштат социјалната мрежа.

Ажурирањето на Фејсбук ќе им овозможи на Фејсбук страниците на компаниите да објавуваат работни места исто како што можат да објават статус. Освен објавувањето на линкови, преземањето и коментирањето, користиците ќе дојбијат можност да аплицираат за работната позиција преку новото копче „apply now“. Апликацијата за работното место ќе може да се пополни веднаш, преку Фејсбук месинџер.

Дополнително, сите баратели на работно место ќе можат да ги разгледаат сите огласи во нивната околина на „Jobs“ каналот.

Фејсбук има голема предност во однос на ЛинкдИн, пишува The Next Web, поради тоа што собра информации за онлајн однесувањето на своите корисници, па може да претпостави на кои луѓе треба да им излегуваат кои огласи додека се активни на социјалната мрежа.

Алатката ќе почне да функционира најпрво во САД и Канада, а подоцна и во другите земји.