Европскиот младински форум и ЏЕФ Европа во одбрана на граѓанското општество во Македонија

Европскиот младински форум и Младите европски федералисти (JEF) силно ги осудуваат нападите на граѓанското општество во Македонија, објавија во заедничка изјава на youthforum.org.

Писмото го пренесуваме интегрално.

„Во изминатите недели владејачката партија ВМРО ДПМНЕ го зголеми бројот на напади на граѓанското општество во Македонија. ЏЕФ Македонија и ЏЕФ Европа беа директно таргетирани од овие напади, особено преку ткн. движење Стоп Операција Сорос.

Неколку дена после декемвриските избори, поранешниот премиер Груевски даде говор пред Државната изборна комисија, заканувајќи се на граѓанските организации кои добиваат финансии од странство, велејќи дека партијата ќе се бори за десоросизација. Неговата партија, ВМРО ДПМНЕ, исто така објави изјава во која најави дека „процесот на десоросизација започнува“. Неколку дена после овие изјави, движењето СОС беше формирано од главниот уредник на државната новинска агенција МИА, Цветин Чилиманов, еден од уредниците на провладиниот портал Република, Ненад Мирчевски, и Никола Србов, колумнист за друг провладин портал, Курир. Движењето, како што велат основачите, е создадено за „да се бори против едноумието во граѓанскиот сектор, кој е советуван и воден од Џорџ Сорос“.

Во сабота на 4 февруари 2017, за време на нивна прес конференција, основачот на СОС Цветин Чилиманов ја нарече ЏЕФ Македонија „најконтроверзната организација“ која ги спроведува „смртоносните и опасни политики на Сорос“. Дополнително, не сите од податоците кои ги презентираа беа точни, што индицира на потенцијална манипулација со фактите.

Европскиот младински форум ЏЕФ Европа сметаат дека силното и независно граѓанско општество е апсолутно значајно за демократија која добро функционира. Ние сме блиски партнерски организации посветени на заканување на независното и активно граѓанско општество и неговите оранизации, надгледувајќи ги владините акции и служејќи секојдневно како противсили на власта. Јавните напади кои ги посведочивме во изминатите денови врз различните невадини организации во Македонија, особено во младинските организации меѓу кои и ЏЕФ, се загрижувачки тренд кој силно го осудуваме.

ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија се борат за слободна и обединета Европа, водена според приниципите на демократијата и владеењето на правото, кои целат кон обезбедување на мир, просперитет, безбедност и правда во Европа и светот. Преку нивните принципи и акции, ЏЕФ Европа и ЏЕФ Македонија работат за подлабока европска интеграција на Македониј, која се надеваме дека ќе води до нејзино станување на земја-членка на ЕУ.

Ги повикуваме властите на Македонија веднаш ја прекинат оваа кампања на зацрнување. Владата мора да ја признае важноста на граѓанските организации за демократскиот процес и демократскот квалитет на едно општество. Ја повикуваме Европската комисија да разговара со националната влада за овој проблем, да ја осигура состојбата на невладините организации во Македонија.

Потписници:

Кристофер Глук, претседател на ЏЕФ Европа

Луис Алварадо Мартинез, претседател на Европскиот младински форум

//