Евродебата: На која возраст сексот треба да е легален?

На почетокот од овој месец, возраста на која е легален сексот со малолетник со негова согласност се зголеми од 13 на 16 години. Претходно, Шпанија беше една од најпопустливите земји во Европа во однос на законската возраст за секс, но поради убиството на 13-годишното девојче во 2012 година од 39-годишниот човек со кој таа била во сексуална врска конечно предизвика дебата.

Нејзините родители претходно го пријавиле нивниот однос во полиција, но ништо не можело да се направи бидејќи таа се согласила.

Повеќе европски држави со низок праг на согласност повторно ја разгледуваат нивната позиција во однос на оваа тема во последниве години. Во 2013 година, папата Франциско нареди возраста за согласност во Ватикан да се зголеми од 12 (што во тој период се сметаше за најниска во Европа) на 18 години.

Покрај тоа, постои голема варијација на возраста за законска согласност во разни европски држави, на пример во Австрија е од 14 години, во Хрватска е од 15, во Белгија 16, во Кипар е 17 години и во Малта е 18 години. Минатата година, католички свештеник беше осуден во Шведска поради секс со малолетничка. Тој се бранеше со тоа дека не знаел оти е нелегално да се има секс со 15-годишна (свештеникот потекнува од Германија, а таму прагот на возраст е 14 години).

Ваквите случаи поттикнаа голем број дискусии, меѓу кои и онаа на debatingeurope.eu во која познатиот активист за ЛГБТ, човекови и младински права Peter Tatchell одговара на прашањето која е погодната возраст за согласност за секс.

„Низ цела Европа, има разни возрасни граници за согласност, повеќето се меѓу 14 и 18 години. Во сите тие држави, возраста за согласност е надвор од реалните човечки животи. Без разлика дали ни се допаѓа, повеќето млади имаат сексуални врски многу порано од возраста за согласност утврдена со закон.

Јас предлагам возраста за согласност да биде во линија со животното искуство на младите луѓе, со што ќе се оттргне заканата од криминализација, а и учителите и социјалните работници кои им нудат помош и поддршка на младите кои се под законската возраст за согласност нема да бидат во ризик или обвинети. Но, велам дека тоа треба да се случи ако оди рака до рака со поран и подобар, квалитетен секс и едукација за врска со цел да им даде на младите вештини, знаење и доверба за да направат мудри, одговорни сексуални избори.

На крајот од денот, тоа може да биде добра идеја, на пример, да се има униформирана возраст на согласност од 16 години, со тоа што возрасната разлика меѓу партнерите нема да  е поголема од две години и не би имало обвинение“, смета Tatchell.

Докторката Sarah Nelson, која е истакната специјалистка за деца кои биле сексуално искористувани, истражувач, писателка и советничка на шкотската Влада.

„Јас го почитувам тоа мислење, јас многу го почитувам Peter, дури тој ја смени својата позиција бидејќи порано веруваше дека поранешната возраст на согласност за секс треба да биде задржана. Јас работам со сексуално насилство и експлоатација и не велам дека повеќето сексуални активности меѓу тинејџерите се принудни, но постојат големи притисоци. Фактот согласноста да прерасне на 16 години е што ќе има поголема заштита кога е потребна.

Следно, работејќи во моето поле, свесна сум дека е честа појава некој да биде сексуално искористен од роднини пред возраст од 16 години. Не велам дека децата под 16 треба да добиваат високи казни, но повеќе е возможно таа принуда да се случи во најголем случај кога машките принудуваат женски на секс. Мислам, секоја девојка при нејзиното растење е свесна за тоа и мислам дека треба да се задржи можност за криминална дејност во зависност од случајот. Не мислам дека е вистина да се каже дека никој не е оштетен од оваа активност“, вели Nelson.

 

Покрај прашањето за погодната возраст за сексуална врска со малолетник, активистот Tatchell и Nelson свои аргументи дадоа и за тоа дали е потребно задолжително сексуално образование. Целата дискусија можете да ја прочитате на овој линк.