ЕУ би можела да го тргне англискиот како официјален јазик по Брегзит

Англискиот, втор јазик во светот и главниот работен јазик во институциите на Европската унија, наскоро би можел да престане да биде официјален јазик на ЕУ, откако Велика Британија го напушти блокот, рече  претседателката на Комисијата за уставни прашања на Европскиот парламент Данута Хабнер.

Секоја земја-членка има право да номинира еден европски идиом. Иако англискиот јазик е еден од најзборуваните јазици во Европа, и е официјален јазик во три земји-членки, само Велика Британија легално го одбра во Брисел. Ирска го избра галскиот, додека малта го избра малтешкиот.

„Англискиот е наш официјален јазик бидејќи беше одреден од Обединетото Кралство. Ако го немаме Обединетото Кралство, ние го немаме англискиот“, изјави Хабнер.

Англискиот јазик би можел да остане работен јазик, иако веќе нема да ја има таа функција, посочи Хабнер, додавајќи дека неговото зачувување како официјален јазик бара согласност од сите земји-членки.

Или пак, правилата би можеле да се променат за да им се дозволи на државите да имаат повеќе официјални јазици, предложи Хабнер.

Францускиот јазик доминираше во европските институции до 90-тите, кога со доаѓањето на Шведска, Финска и Австрија се создаде рамнотежа.

Документите на Европската унија и правните текстови се преведени на сите 24 официјални јазици на нивниот блок. Ако англискиот јазик го изгуби тој статус, Британците ќе мора да го направат тоа сами.

Англискиот јазик е, исто така, еден од трите јазици кои се користат за да се аплицира за ЕУ патенти. Ова им дава на истражувачите и компаниите од англиско говорно подрачје преднос во однос на конкурентите кои зборуваат други јазици.

Франција никогаш не успеа да го надмине нејзиниот јазичен пораз и го наметна францускиот јазик како рамноправен работен јазик, иако бројот на говорници се намалува меѓу претставниците во Брисел.