Епл ја купува апликацијата Шазам

Компанијата Епл е во финалната фаза на купување на Шазам, апликацијата која овозможува идентификација на песни, филмови и телевизиски емисии.

Цената моментално изнесува 400 милиони долари, но Епл ќе заштеди пари од провизијата што ја плаќаше Шазам за испраќање на корисниците на Ај тјунс стор, каде што може да се купи различна содржина. Всушност таа провизија беше токму најголемиот дел од приходите на Шазам во изминатата година, а апликацијата е заслужна за 10 отсто од вкупната дигитална продажба.

Исто така, ако Епл одлучи да ја исклучи апликацијата, ќе изврши тежок удар на услугите како што се Спотифај и Гугл плеј мјузик, на кои Шазам им „пренесува” повеќе од милион клика на ден. Шазам има договор и со Снепчет. Сепак, уште не е сигурно дека потегот на Епл ќе влијае на наведените договори.

Апликацијата Шазам досега е „преземена“ повеќе од милион пати, а популарна е веќе 19 години.