ЕNGAGE по вторпат

1

ЕNGAGE по вторпатМладински образовен форум и Радио МОФ  го најавуваат годинешното издание на конференцијата ENGAGE, која ќе се одржи на  23 февруари 2013 година во киното Фросина и фоајето на Младински Културен Центар – МКЦ во Скопје

ENGAGE е конференција за друштвени медиуми и активизам, а претставувафизички и виртуелен собир на домашни и странски активисти, блогери, искусни познавачи на друштвените медиуми и граѓани кои се заинтересирани да го подобрат општеството преку онлајн и офлајн активизам. ENGAGE е платформа за едукација и дискусија на теми поврзани со протокот на информациите, дигиталните комуникации, слободата на изразување, дигиталната уметност и можностите за граѓанска мобилизација преку интернет.

Презентациите на говорниците ќе бидат распределени во неколку блока во периодот од 12:00 до 19:00 часот. Во планираните 12 презентации, четири работилници и две панел дискусии ќе учествуваат голем број познати интернет и граѓански активисти, експерти, комуниколози.

Во рамките на конференцијата оваа година ќе има и два новитети, односно покрај говорници, присутните ќе можат да учествуваат  и во интерактивни едночасовни работилници како и панел дискусии.

Во рамките на конференцијата, ќе се одржат и четири работилници: за мобилни апликации, со Јосип Јосифовски и Димитар Солев, победници на конкурсот на ONE за мобилни апликации (www.patokaz.mk); работилница на Celebrate Life, платформа за дигитални уметности и дизајн, со Горан Костовски (www.indog.info);  Метео кутии: Како до „направи сам“ мерна станица? со  Хаклаб КИКА (http://b10g.spodeli.org/), како и работилницата за граѓански онлајн активизам во проекти за заштита на животната на средина со Кирил Арсовски од Македонското еколошко друштво (www.mes.org.mk)

Во Панел-дискусиите на ENGAGE, годинава се анализира сатирата како одговор на секојдневието наречено пропаганда; Во оваа дискусија ќе учествуваат Сеад ЏигалВлатко Васиљ и Бетмен Велит.  Во втората панел-дискусија, на тема Можностите и моќта на краудсорсингот во Македонија – искуства, предизвици и резултати“ ќе дискутираат: Слободан Јакоски (Викимедија Македонија) Катерина Милеска ( Транспаренси Интернешнл – Македонија) и Неда Коруновска Аврамовска (Реактор – Истражување во акција).

БОНУС ENGAGE: Музички перформанс на Da Dzaka Nakot

Регистрацијата ќе биде отворена во текот на следната недела, а можност за учество ќе имаат првите 150 пријавени учесници. Радио МОФ ќе обезбеди видео пренос на својата веб страна.

Повеќе информации за минатогодишното издание на Engage погледнете на следните линкови:

ENGAGE е поддржан од National Endowment for Democracy [www.ned.org] и Фондација Отворено општество – Македонија [www.soros.org.mk] .

 

 

Сподели:Share on Facebook0Tweet about this on TwitterShare on Google+2Share on LinkedIn0