Скроблер

Скроблер е емисија која обработува алтернативни музички содржини преку веќе генерирани топ листи на групата на Радио МОФ на социјалната мрежа Last.fm. Шеесет минутно уживање со музиката на најслушаните артисти од страна на корисниците на оваа социјална мрежа, членови на нашата група. Приклучете се и вие и бидете дел од создавањето на официјалната топ листа на Радио МОФ или доколку сте заинтересирани за откривање нова музика бидете закачени во вторник 21 часот. Покрај музика, Скроблер во својот временски интервал ќе понуди и интересни неформални разговори со македонски артисти, диџеи и корисници на Last.fm мрежата.

Водител Петар Антевски