Ruby Tuesday Radio Show

Ruby Tuesday Radio Show – еден ден можеби и ќе стигнеме до вистинско радио шоу, но да ја започнеме приказната како што е редот, од самиот почеток.

 Емисијата најпрво ќе започне со 60 минутни миксови, а ќе продолжи со активности директно од студиото на Радио МОФ. Музиката која што ќе се емитува нема да биде жанровски ограничена, односно во 60те минути колку што е предвидено емисијата да трае, ќе може да слушнете секаков вид музика: од акустична, преку, рок, поп, хип хоп, трип хоп, панк, ска, па се до чил аут и електронска и ќе потекнува од најразлични временски периоди, иако фокусот ќе биде претежно ставен на нова музика.
Водител: Јанко Смилевски