EL Studentо
Емисијата EL Studento обработува теми од студентскиот живот , со учество на младински невладини организации, студенти кои би ги навеле студентските проблеми, интервјуа со студенти кои постигнале позначаен успех, промоција на студентски настани, конкурси за стипендии и слично. ЕL Studento разгледува студентски акции, демонстрации, протести и иницијативи во и надвор од Република Македонија. Сем водителите, во емисијата гостуваат и претставници од студентски организации и образовни институции, кои би дале свое гледиште за состојбата со студентското организирање и потребата од реформи во државата.
Слушајте El Studento секој вторник од 18 часот.
Водители: Атанас Димитров, Марија Мирчевска, Анте Гулин, Томислав Тодоровски, Валерија Јовановска и Георги Камов.
ПОДКАСТИ:













