Диску(р)сија

Здраво живо Радио МОФ слушатели!
Скопје е во барокна реконструкција, се врши ребаланс на буџетот, се топи снегот, растат кокичиња, Арапскиот свет се бунтува, Wall street е блокиран, паѓа вредноста на еврото, Бијонси се породи, Калиопи на Еврозија, се буди пролетта а Ди(с)курсија оди во реконструкција!
Додека Маца се разубавува, а Вуки си го чешла крзното по зимскиот сон, верно и нестрпливо чекајте ја новата сезона на Ди(с)курсија, променета!
Дискусија, а не дискус хернија!
——————————————————————————————————————————————————
Од 22.00 до 23.00 часот ќе ви отворат можност за дискусија на релевантни и актуелни општествени теми. Говорниците во оваа емисија ќе дискутираат, ќе си противречат, ќе аргументираат, ќе се согласуваат, ќе се побиваат и ќе ги слушнат вашите ставови.
Со овој проект, Радио МОФ ви претставува нова форма на интернет дискусија, чија главна содржина е аргументацијата, толерантното слушање, вкрстеното испрашување и расчленување на повеќе сегменти од една иста тема. Радио МОФ ќе обезбеди простор за споделување на ставовите на сите заинтересирани слушатели и интернет корисници.
Закачете се на ДИСКУ(Р)СИЈА, секој понеделник во 22.00 часот на Радио МОФ.













