[Start Low / Go Slow]
Емисијата [Start Low / Go Slow] се бави со проучување на deep / slow / soulful / jazz / new jazz / new disco / house мелодиите, нивното влијание врз слушателите и генерално на културата од поранешните екс-ју простори.
Плејлистата секоја емисија е поткрепена со нови работи кои ги пратат случувањата од овие музички области, но и со нековнеционалните стари текови кои ја прават основата на секој сет. Конвенционалните текови имаат за цел за градење на мелодијата додека новите работи даваат нов вкус и нијанса на цела емисија, отварајќи нови простори за понатамошно напредување во музиката.
Сетовите се од траење од 60 минути. Жанрот варира, поради фактот што сржта на секој сет е наречен „slow and melodic“. Сите заинтересирани кои сакат да научат нешто околу оваа врста на музика и да запловат во истите води, се што треба да направат е да ја пратат емисијата многу внимателно.
Емисијата е исто така наменета и за младите слушатели кои сакаат да се бават со DJ-ество. Во неа, тие ќе пронајдат доста инсипрација во смисла на мелодијата, бидејќи поголемиот дел од сетовите се „ open mind“, искрени, широкогради и без никакви ограничувања!
Автор на емисијата е Ненад Младеновиќ (роден во Лесковац, 1988), кој моментално живее во Крагуевац,Србија. Со некомерцијалната музика и андерграунд клабингот е познат под псевдонимот „Stimmius“. Со продукција и и горенаведената музика се бави од 2006-та година. Пристап до сите емисии кои се емитуваат на Радио МОФ може да имате на следната адреса: http://www.mixcloud.com/mladenovicnenad88/
Сите информации околу емисијата, музиката , букирањата и ремиксовите може да ги добиете на адресата stimmius@gmail.com













