Јас сум Цако

Александар и е познат на македонската јавност откако стана прв студент со Даунов синдром во Македонија. Тој исто така издаде две книги со поезија и има кафеав појас во карате, со што овој млад човек секојдневно ги соборува сите бариери и стереотипи кои се појавуваат пред него.

Сега за прв пат во Македонија, лице со Даунов синдром има своја авторска радио емисија, каде се разговара за сите проблеми, предизвици и дилеми на младите лица со попреченост во земјата.

Цако најавува многу поезија, хумор, но и отворена дискусија за табуата, социјалниот живот, сексуалноста, образованието и се друго што ги засега овие млади луѓе.

Емисијата се емитува еднаш месечно, секоја претпоследна среда во месецот.

 

//