Acoustic Extravaganza

Acoustic Extravaganza е името на новата емисија која ќе се емитува на Радио МОФ секој втор вторник во месецот,  со почеток во 21ч. Се работи за музичка емисија, во која ќе можат да се слушнат звуци од повеќе акустични музички жанрови: британски фолк, инди фолк, инди поп, инди рок, фолк рок, фолк поп, кантри рок, американа итн. Музиката ќе биде претежно од последните неколку години, но ќе има и постара музика од 60-те, времето кога се запознале фолкот и рокот.

Чести гости во емисијата ќе бидат – Bob Dylan, John Mayer, Norah Jones, Mumford and Sons, KT Tunstall, Nick Drake, Devendra Banhart, Feist, Eliot Smith, Bon Iver, Amie Man, Joni Mitchell и многу други. Водител на емисијата еБојана Низамовска.

Одлична музика која ќе ви ги загрее срцата, додека „Топлификација“ сè уште не успева да го стори тоа!  Во вторник, во 21, закачи се на Acoustic Extravaganza!

Водител: Бојана Низамовска

//