Емир Кустурица: Да се занимавате со политика на Балканот е како да стоите на одрон и знаете дека ќе ве однесе

Прославениот српски режисер Емир Кустурица изјави дека себеси не се гледа во политиката и дека во денешно време да се занимаваш со неа на Балканот е како „да стоите на одрон и да знаете дека сигурно ќе ве однесе“.

„Јас му се восхитувам на министерот за култура (Владан Вукосављевиќ) што воопшто се занимава со политиката и тој тоа го прави од образование и потреба за во секоја сфера да доведе ред и да направи нешто добро, но јас мислам дека занимавањето со политика на Балканот е како да застанете на одрон и да знаете дека сигурно дека ќе ве однесе“, рече Кустурица, одговарајќи на прашање на новинар, по повод шпекулациите дека тој би можел да се кандидира за претседател на Србија.

„Како што Андриќ напиша ‘на мртвиот волк во заби се гледа’ и јас мислам дека тоа е најважно. Овој нов свет, особено вашиот свет, кој работи со информации, не прави разлика помеѓу мртви и живи и затоа е многу важно да не се постави човек на лизгава површина додека живее, па за кога ќе умре да можат да му замеруваат, како што новинарите го критикуваа Момо Капор додека се уште не олади “, додаде режисерот на прес-конференција во Министерството култура.

Основачот на фестивалот „Кустендорф“ нагласи дека не се гледа себеси во политиката.

„Оние кои мислат дека јас тоа би го можел, не сфаќаат колку е тоа комплицирано, колку тоа не подразбира знаење, темперамент и до кој степен тоа во современи услови е вградено во капитал и се она што тој политичар би требало да претстави, а не само зборови“, рече тој.