Економскиот факултет и АИЕСЕК Скопје ја организираат седмата меѓународна летна школа

Меѓународната летната школа е проект кој по седми пат се организира од страна на Економскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј ” во Скопје и студентската интернационална платформа АИЕСЕК Скопје.

Темата на овогодинешната Школа „Направи разлика – стани млад лидер во справување со новите економски предизвици на патот кон ЕУ” е дефинирана во согласност со актуелните проблеми и предизвици со кои се соочуваат земјите од регионот на патот кон нивното полноправно зачленување во Европската Унија, од една страна; и тековните проблеми и предизвиците со кои се соочува Унијата по последната економска криза, од друга страна.

Целта на проектот е пренесување на теоретските и практични искуства поврзани со новите сознанија во економијата и јавните политики во посткризниот период, а кои треба да се земат предвид во справување со економските проблеми и реформи во земјите од регионот во функција на јакнење на конкурентноста на нивните економии на патот кон ЕУ.

Интегрални тематски области:

 Економски реформи и политики на патот кон ЕУ;

 Финансиски пазари и институции;

 Институции и институционални реформи;

 Економија базирана на знаење;

 Претприемништво, бизнис и економски перформанси.

Најавените тематски области ќе бидат покриени од академски кадар од реномирани и добро етаблирани универзитети, како и од експерти од релевантни домашни и меѓународни институции. Посебен простор на Школата ќе биде оставен за размена и пренесување на искуствата од успешните македонските компании.

Летната школа ќе се одржува од 07-13 август во Конгресен центар во Охрид.

За Школата може да се аплицира на следниот линк, а надоместок за учество е 150 евра.

Краен рок за аплицирање е 20-ти јуни.