ЕХО Фестивалот на планински филм организира конкурс за најдобро кратко видео

ЕХО Фестивалот на планински филм заедно со Prosport Skopje организира КОНКУРС ЗА НАЈДОБРО КРАТКО ВИДЕО на 8-мото фестивалско издание кое ќе се одржи од 24-27 октомври 2017.

Потребно е вашиот веќе снимен материјал или она што сега ќе го снимите да виде готово во рамки на рокот. Да се сервира во форма на краток филм/видео од 1 минута па се до 5 минути. Крајниот рок за пријавување на зготвениот материјал е до 15-ти октомври 2017 година.

Од сите пријавени видеа, ќе бидат селектирани најдобрите кои ќе влезат во финалето и ќе бидат проектирани за време на фестивалските вечери, а од страна на официјалното жири ќе биде прогласен победникот.

Фестивалот ЕХО не е обврзан да ги прикаже сите видеа. Главна награда е камера GoPRO.

Пријавување и повеќе информации на videokonkurs@ehofilmfest.mk

Конкурсот е отворен само за жители на Република Македонија. Eден автор може да конкурира со повеќе видеа, но само со едно кратко видео да учествува во потесниот избор за награда и проекција во кино за време на фестивалските денови, и својата апликација треба да ја достави преку официјалниот е-маил на Ехо: videokonkurs@ehofilmfest.mk

Покрај краткиот филм, во мејлот јасно треба да биде напишано името и презимето на авторот, наслов на краткиот филм, а по желба на авторот – и краток опис за краткиот филм со кој аплицира, но и линк до негово портфолио, веб-сајт и/или друг социјален медиум кои би послужиле за подобро запознавање на публиката на ЕХО со неговата работа. Филмот препорачливо е да биде испратен преку канали како: FTP server, wetransfer, dropbox, googledrive..

Од сите апликации ќе се одберат најдобрите и тие ќе бидат проектирани за време на фестивалот. Од нив официјалното жири на фестивалот ЕХО ќе го прогласи победникот.

Ќе бидат земени во предвид само апликациите кои претходно не учествувале на други конкурси и за кои авторот ги поседува сите права.
Авторот, со својата апликација, му дава право на Фестивалот за планински филмови „ЕХО“, бесплатно да располага со краткиот филм и да го користи за објавување на Фејсбук профилот, youtube и vimeo каналот, сајтот на Фестивалот и други социјални медиуми, при објава на нови конкурси и разни други свои маркетинг и комерцијални цели.