Егзит Лето на љубовта со нови изведувачи за Си Стар и Си Денс фестивалите

Првото големо Егзит Лето на љубовта доби нови хедлајнерски засилувања за своите два фестивали на Јадранско Море, Си Стар (Sea Star) во Умаг, кој ќе се одржи на 26-ти и 27-ми мај, како и четвртиот по ред Си Денс (Sea Dance) на плажата Јаз во Будва кој е закажан од 13-ти до 15-ти јули.

После Продиџи, Дубиоза Колектив и Урбан & 4, најавен е и Фетбој Слим (Fatboy Slim), кој се враќа на Умаг по точно седум години од антологискиот настап во Стела Марис.

Ова ќе биде увертира во овогодишната официјална прослава на 15 години од неговиот настап на плажата во Брајтон, каде што на 14-ти јули 2002 година настапи пред рекордни 250.000 луѓе.

„Хедлајнер“ ќе биде и лидерот на германската електронска сцена Пол Калкбренер (Paul Kalkbrenner), познат по стадионските спектакли и неодамнешниот историски настап пред Бранденбуршката капија пред половина милион луѓе.

На првиот во низата фестивали на Егзит Летото на љубовта, на Си Стар во Умаг, стигнува и прославениот дабстеп-рок состав Модстеп (Modestep) кој за прв пат на овие простори ќе настапи во полно „лајв“ издание, а фуриозниот квартет од нови хедлајнери во Истра ќе го заокружи и славниот австралиски бејс-рок бенд Пендулум (Pendulum) во специјално диџеј издание.П

ознати се и првите потврдени изведувачи од групата најбарани во регионот, а во таа листа се Елементал, Бед Копи, Бркови, Артан Лили, Џонатан, Хај5 & Кукус, Киша Метака, Кранкшвестер, Матер и Сассја.