Егзит 2014: Немаш карта? Имаш пријатели!

Почнува акцијата „5+1“ за годинешното издание на Егзит кој ќе се одржи на 11 јуни на Петроварадинска тврдина во Нови Сад. Од 23 април до 25 мај, односно до истекот на залихите во рамки на акцијата, секоја екипа од пет луѓе кои заедно ќе ги купуваат влезниците за ЕГЗИТ или ЕГЗИТ авантурата добиваат шеста влезница гратис за уште еден член од друштвото.

Егзит 2014: Немаш карта? Имаш пријатели!

Цената на влезниците за Егзит изнесува 3.580 денари, а за ЕГЗИТ АВАНТУРА 4.320 денари. Сите учесници на акцијата кои на време ќе се регистрираат добиваат и бесплатни влезници за РОК@ЕГЗИТ фестивалот каде ќе настапат Queens Of The Stone Age . Регистрацијата ќе се спроведува од 1. до 7. јуни преку линкот www.gigstix.com/qotsa .

Петнаесеттото издание на Егзит е во знакот на големата осумдневна ЕГЗИТ АВАНТУРА која почнува со РОК@ЕГЗИТ фестивалот на 11. јуни, продолжува со главните случувања на ЕГЗИТ фестивалот кој на истото место се одржува од 10. до 13. јули, за да заврши со СИ ДЕНС фестивалот од 15. до 17. јули на плажата Јаз на Јадран.