Еднонеделна обука на Галичица за создавање сопствен стартап

Организаторите на програмерскиот маратон Codefest повикуваат на StartQube – Startup Camp. Тоа претставува еднонеделен настан кој ќе се одржи на Галичица, а треба да им донесе искуство на сите кои планираат или размислуваат да направат сопствен стартап.

Целта на настанот е да донесе стручни ментори од Европа, успешни претприемачи и основачи на стартапи, како и инкубатори и акцелератори кои ќе работат заедно со локалните учесници. Според официјалниот Фејсбук настан, обуката ќе се одржи од 1 до 6 септември.

Според описот на настанот, предавањата во работилниците се од неформален карактер, а дел од предавањата се однесуваат на одредување дали постои интерес за продуктот, лоцирање на најдобрите карактеристики на продуктот, па се до пронаоѓање на првите корисници.

Покрај едукација учесниците ќе можат и да се релаксираат, така што, покрај петте дена кои се посеветени за обука и предавања, предвидени се и два дена за забава и рекреација: планинарење, спорт, забави тим билдинг и слично.

Пријавувањето е во тек, а бројот на учесници на Start Qube е ограничен на триесет.