„Еднаш ние“ – ликовна и дизајнерска изложба на студентите од Штипскиот универзитет

Вечерва се отвора изложбата „Еднаш ние“ на Студентите на Ликовна академија заедно со студентите на насоката Архитектура и дизајн од Факултетот за природни и технички науки Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Отворањето е закажано за 19 часот, во Галеријата „Безистен“ во Штип, а изложбата е предвидено да трае до 26-ти мај.

Студентите на Ликовна академија ќе изложат цртежи, слики и скулптури, а студентите на Архитектура и дизајн ќе изложат плакати и дизајнерски решенија на заедничка тема.

На отворањето свој настап ќе имаат и студените на Музичката академија со своја музичка точка.

Официјалниот постер на изложбата