Една третина од светската популација се уште нема тоалет

За една третина од светската популација тоалетот се уште претставува луксуз и нема пристап до нив, се вели во новиот извештај на Светската здравствена организација и УНИЦЕФ.

Во оние предели каде нема тоалети продолжува да се загадуваат изворите на вода и се загрозуваат здравјето и безбедноста на милиони луѓе во целиот свет. Тоа придонесува за недоволна исхранетост и застој во растот кај децата, оштетувајќи 161 милион деца физички и психички секоја година, се вели во извештајот.

„Се додека сите немаат пристап до соодветни санитарни објекти, квалитетот на водата ќе биде поткопан и многу луѓе ќе продолжат да умираат од болести и бактерии во водата“, изјави директорот на одделението за јавно здравје при СЗО д-р Марија Неира.

Заедничкиот извештај оценува напредок на глобалните цели поставени во 2000 година за создавање пристап до чиста вода за пиење и санитарни услови за сите, заедно со други цели како што се сиромаштијата, гладот, болестите и нееднаквоста. Со истекување на тие бенчмаркови оваа година, Обединетите Нации треба да излезат со нов сет на цели за одржив развој, за кои се очекува да се потрошат 2.5 милијарди долари од развојните фондови до 2030 година.

Според извештајот, со претходните напори, 2,1 милијарди луѓе добиле пристап до подобри услови за вода и санитација од 1990 година. Сепак, уште 2,4 милијарди луѓе виделе подобрување, додека 946 милиони се уште не користат тоалети, од кои огромен дел потекнуваат од сиромашни рурални подрачја.

Во Индија, на пример, повеќе од 640 милиони луѓе немаат тоалет, но тоа не се должи само на недостиг на средства. Многу луѓе кои имаат тоалети во своите домови, но се уште преферираат да вршат нужда надвор, додека работат на фармите.

Во однос на водата, повеќе од 2,6 милијарди луѓе добиле подобри услови од пред 25 години. Сепак, кај 663 милиони луѓе, претежно во Европа и Русија, не виделе никакво подобрување. Наместо тоа, се оставени да собираат вода од пукнати цевки или мора да пешачат километри за да наполнат чиста вода. Некои пак, финансиски се експлоатирани од „водената мафија“која се збогатува со тоа што ќе продаде една чаша вода.