Џиновски роботи и 3Д принтери градат футуристичка куќа во Швајцарија

Истражувачи на Универзитетот за наука, технологија, инженерство и математика планираат да искористат огромни роботи и 3Д принтери за дизајнирање, планирање и изградба на првата куќа во светот преку речиси целосен дигитален процес.

Куќата ќе ги спои најсовремените технологии – вклучувајќи и 3Д печатење, роботизирана изработка и градежништво, за да се создаде футуристички дом.

Истражувачите ќе соработуваат со деловни партнери за изградба на трикатна куќа со површина од 656 квадратни метри како дел од Проектот за дигитално изработување на Националниот центар за компетентност во истражување. Тие ќе градат во Дубендорф, Швајцарија, во истражувачкиот објект управуван од институтот Емпа.

„За разлика од градежните проекти кои користат само една дигитална технологија за градење, како што се печатените куќи со 3Д, оваа куќа донесува голем број нови технологии за дигитално градење”, рече иницијаторот на проектот, професорот Матијас Колер.

Роботот од шест метри ќе има двојна улога – ќе функционира како кофражен систем и за армирање на бетонски ѕидови. Решетката потоа се полни со бетонска мешавина која формира ѕид кој е покриен со 3Д испринтана плоча.

Куќата треба да биде изградена идното лето. Ќе функционира како станбен и работен простор за гости-истражувачи и партнери на проектот.

//