Џамироквај најави нов албум после седум години, објавувајќи кратко видео за нова песна

Помина долг период од последниот, седми, студиски албум на британскиот бенд Џамироквај во 2010 година. Иако без посебно внимание од јавноста, бендот уште лани најави дека ќе објави нов албум, а вчера на својот Јутјуб канал сподели кратко видео од нивната прва песна од албумот насловен „Automaton“.

Видеото е полно со футуристички снимки и одреден синт поп звук. Тоа е насловено како „Automaton Transmission 001“.

Во 2013 година, тапанарот Дерик МекКензи изјави дека работат на новиот албум, додека басистот Пол Тарнер во мај минатата година соопшти дека албумот е речиси готов. Првичната објава на албумот се очекуваше во октомври и ноември, а за првиот сингл да излезе во септември.

Но, се уште нема официјален датум кога ќе биде објавен албумот.