Две проекции на шведскиот филм „We are the best” во Кинотека

Амбасадата на Шведска, во соработка со Кинотека на Македонија, организира две проекции на филмот – „We are the best” од Лукас Мудисон, на 22 и 23 февруари, од 20 часот.

Од Амбасадата потенцираат дека потребна е претходна резервација на билети во Кинотека на бројот 02/3065968.

Филмот е адаптација на графичкиот роман на неговата сопруга, Коко Мудисон, за тројца млади луѓе кои растат во 80-тите во Стокхолм.

Клара и нејзината најдобра пријателка Бобо, се 13-годишни бунтовнички кои се во потрага по некаква цел. И покрај тоа што немаат инструменти, ниту пак, некаков музички талент – и двете ќе дадат се од себе да формираат женски панк бенд, регрутирајќи ја нивната срамежлива школска Хедвиг, која свири на класична гитара.