Дваесет средни училишта ќе ја симулираат работата на Европскиот Парламент

 Дваесет средни училишта  ќе ја симулираат работата на Европскиот ПарламентМеѓународното училиште „НОВА“ во периодот од 15-ти до 17-ти Февруари ќе биде домаќин на втората национална конференција на Европскиот Парламент. На настанот ќе учествуваат седумдесет ученици од дваесет средни училишта од Македонија. Сите овие ученици се дел од МЕП клубовите во нивните училишта каде учат за функционирањето на Европската Унија и нејзините институции.

МЕП клубовите  функционираат како дел од дополнителната настава во училиштата од Скопје, Гевгелија, Прилеп, Струмица, Велес, Куманово, Штип, Тетово, Битола, Струга и Охрид.

Учениците на конференцијата поделени во три Комитети на Европскиот Парламент ќе дискутираат; дебатираат; пишувааат резолуции за најважните прашања во Европа и тоа во областите на: надворешни работи,  економија и правата на жените.

Конференцијата МЕП ќе финишира со целодневна симулација на Генералното Собрание на Европскиот Парламент која ќе се оддржи во Собранието на Град Скопје.

Програмата Модел Европски Парламент, по втор пат се организира во Македонија. Првата национална симулација се случи минатата година кога 120 ученици од цела Македонија се натпреваруваа да ја претставуваат земјата на меѓународната сесија на МЕП во Мадрид, Шпанија.