Два концерта и онлајн пренос вечерва од „Охридско лето“

Со Вечерта на романтична музика и два концерти во црквата „Света Софија“, вечерва се затвора музичката програма на овогодишното 57. Охридско лето.

Со почеток во 20.30 часот концерт ќе одржат македонските уметници Блерим Груби на виола и пијанистката Марија Вршкова. На програмата се дела од композиторите Роберт Шуман и Франц Шуберт.

Новина годинава е што ова е вториот концерт кој ќе може да се следи и во живо на веб-страницата на „Охридско лето“, како и на официјалната Фејсбук страница.

На истата локација, но во 22 часот ќе следи концертот на индонезиско-германското дуо, Исканадар Виџаја на виолина и Норман Виџаја на пијано. На програмата се дела од У. Виџаја, Ли Зили, Ц. Куи, Ф. Сај и Ж. Масене. Гостин на ударни инструменти ќе биде Ајкут Коселерли.