Дупка на улица во Велика Британија го прослави својот втор роденден

Дупка која првпат се појавила на улица во Пламтри, Велика Британија, во март 2015 година, неодамна го прослави својот втор роденден.

„Таа дупка не загрозува сите. Секојпат кога некој ќе дојде до неа, мора да премине на другиот дел од патот за да ја избегне, со што сите учесници во сообраќајот се донесуваат во опасност“, рече Вони Дајкин од Пламтри.

Дајкин, која секоја година бара од месната заедница да го санираат оштетениот дел од улицата, повеќе нема трпение за нивните изговори.

За да ги натера надлежните служби да го решат проблемот, одлучила на социјалните мрежи да објави слика од дупката, на која и направила роденденска торта.

„Одлучив во исто време да се пошегувам за 1 април, но и да ја подигнам свеста кај луѓето за опасноста на нашата улица, за која никој од надлежните со години не им е гајле“, рече таа.

Од месната заедница, пак, возвратиле со шеговит тон, го честитале роденденот и додаделе дека ќе испратат некој да го провери случајот во рок од една недела“, пишува Метро.