Државата Исланд го тужи брендот Исланд поради името

Исландската влада потврди дека планира да го тужи истоимениот британски синџир на супермаркети поради името. Владата „сака да биде сигурна дека британскиот синџир продавници нема да ги спречи домашните компании да го користат името Исланд во своите називи“.

Исландското Mинистерство за надворешни работи ќе поднесе тужба сега, иако синџирот супермаркети е основан пред 46 години.

„Можам да потврдам дека се разгледува случајот, но се уште не е донесена одлука“, изјавил портпарол на министерството.

Во писмо од владата на Исланд е објаснето дека група исландски партии, како и самата влада, планираат да пополнат документ против европската лиценца на супермаркетот поради името.

Promote Iceland, агенција поврзана со Mинистерствоto за надворешни работи, вели дека нема намера да го принуди Iceland Foods да се откаже од брендот, но сакаат да бидат сигурни супермаркетот нема да ги спречи нивните, исландски фирми да го користат името во Велика Британија или низ ЕУ.

„Бараме исход „живеј и остави ги другите да живеат“, вели Џон Асбергсон, директор на Promote Iceland.