Друштво на писателите на Македонија распиша конкурс за најдобра песна

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за најдобра песна на митингот на меѓународната манифестација „Празник на липите”.

Песните треба да се испраќаат до Друштвото на писателите на Македонија (Ул. „Максим Горки” бр. 18) или на меил адреса: drustvonapisateli@yahoo.com.

Песните во ДПМ треба да се достават во четири примероци. Еден автор може да конкурира со една песна. Темата е градот и липата со сите асоцијации што ги подразбира поетското творештво. Манифестацијата „Празник на липте” ќе се одржи на 22 јуни со почеток во 10 часот.