Драмски театар ги намали цените на билетите во новата сезона

Со намалени цени на билетите за премиерите и претставите од редовниот репертоар, Драмскиот театар – Скопје ја отвара новата сезона.

Цената на билетот за претставите кои се на редовниот репертоар отсега ќе изнесува 200 денари, наместо досегашните 300 денари, додека премиерните изведби ќе чинат 300 денари, наместо досегашните 350 денари.

Цената за претстава за ученици и студенти останува 150 денари, исто како и билетот за детските претстави, велат од Драмски.

Сегмент од претставата „Снежана и седумте џуџиња“

Од таму информираат и за новиот репертоар кој започнува од 15-ти септември со претставата „Снежана и седумте џуџиња“ во режија на Димче Николовски. На 23-ти септември ќе се одржи премиерата на „Папагалот Историко“ во режија на Љубиша Георгиевски, додека во репертоарот се вклучени и претставите „Капетанот Џон Пиплфокс“, „Атена со пенис“, „Чолак“ и „Секс, дрога и рок ен рол“.