„Драгонбол 2“ и „Макс Стил“во Кинотека на Македонија

Кинотека на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“, во која од денеска до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма.

Филмската програма почнува денеска напладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Драгонбол“ во режија на Тадајоши Јанамуро, кој ќе биде репризиран утре.

Со почеток во 12 часот, на 11-ти и 12 јануари е најавен американскиот игран филм „Макс Стил“ на режисерот Стјуарт Хендлер, на 13-ти и 14 јануари анимираниот кинески филм „Змејско гнездо: зората на воинот“ на Јуефенг Сонг, на 16-ти и 17 јануари анимираниот филм од Канада „Малите виленици пикси“ на режисерот Шон Патрик и на 18-ти и 20 јануари – играниот американски филм од 1991 „Кука“ во режија на Стивен Спилберг.