Драгана Јакимова е е македонскиот претставник на светското првенство за Microsoft Office Specialist во Калифорнија

Драгана Јакимова ја понесе титулата Microsoft Office Specialist на Македонија. Таа ја освои една од најпрестижните титули за младинците од 13 – 22 години на светско ниво, во ранг на познавачи на компјутерски вештини.

Полагани беа 1205 квалификациски испити за Word, Excel, Power Point од MS Office 2013 и 2016, во две етапи кои ги исфилтрираа најдобрите 400 учесници. Четириесет од нив влегоа во финалето на вториот по ред Microsoft Office Specialist натпревар кои дененс се натпреваруваа во i-Bank store- концептуалната филијала на Стопанска Банка АД – Скопје.

Јакимова ќе патува на светското првентство во Калифорнија во придружба на нејзината менторка Павлина Атанасова.

Вториот Национален натревар е реализиран со поддршка на: Министерство за информатичко општество и администрација на Република Македонија, Семос Едукација, Microsoft Македонија, Здружението на Информатичари на Македонија, Стопанска Банка АД – Скопје, Лајкамобајл Македонија, Град Скопје, Макпетрол, Масит, Архивскиот центар Инбох  и Метрополис Радио Мрежа.